Достапни линкови

logo-print

Евакуација на туристи поради пожари на грчкиот остров Самос


Окоу 400 туристи, претежно од скандинавските земји, се евакуирани од крајбрежните хотели на Самос поради шумските пожари, кои беснеат на грчкиот остров, соопшти локалната противпожарна служба.
Туристите и локалните жители се евакуирани како превентивна мерка и веројатно ќе добијат дозвола уште вечерва да се вратат во хотелите, каде престојуваат или во своите домови.
На островот, каде деновиве температурата се движи меѓу 37 и 39 степени Целзиусови, е прогласена вонредна состојба.
XS
SM
MD
LG