Достапни линкови

ОН - Пакистан се соочува со катастрофални поплави


Хуманитарци на ОН изјавија дека Пакистан се соочува со најголеми поплави кои тие ги имаат видено во животот.
Над 1.400 луѓе го загубија животот во поплавите од монсунските дождови чии последици ги чувствуваат милион и триста илјади луѓе во северозападната провинција Кхабер Пактукња. Меѓународниот Црвен крст и Црвена полумесечина работат врз обезбедување помош. Помош пристига и од некои исламски добротворни организации за кои има сомневање за поврзаност со милитанти.
ОН и САД ветија помош од 10 милиони долари, а Велика Британија 8 милиони.
XS
SM
MD
LG