Достапни линкови

Стапува на сила забраната на касетна муниција


Новиот глобален договор за забрана на касетната муниција, денеска стапува на сила. Конвенцијата за касетната муниција забранува складирање, користење и трансфер на касетни бомби, а, исто така, ги обврзува земјите кои го ратификувале договорот да ги уништат нивните резерви. Договорот стапува на сила по шест месеци откако 30 земји ја ратификуваше Конвенцијата, која беше договоренa во 2008 година и досега ја потпишале повеќе од 100 земји. Големите сили како Кина, Русија и САД, како и Индија, Израел и Пакистан, сепак, се меѓу земјите кои досега одбиваат да го поддржaт договорот. Поддржувачите, договорот го оценуваат како значаен хуманитарен чекор.
XS
SM
MD
LG