Достапни линкови

Колумбија ги отфрла обвинувањата од Венецуела


Колумбија ги отфрли обвинувањата од венецуелскиот претседател Хуго Чавез дека планира напад врз Венецуела. Од Кабинетот на колумбискиот претседател Алваро Урибе соопштуваат дека изјавата на Чавез е политичка манипулација за граѓаните на Венецуела. Чавез, во петокот им нареди на војниците да се распоредат на границата со Колумбија, за да одвратат на евентуален напад. Односите меѓу двете земји се влошија откако Колумбија објави материјали според кои Венецуела била засолниште на колумбиски бунтовници.

XS
SM
MD
LG