Достапни линкови

Глобалното затоплување, факт


Доказите за глобално затоплување се непорекливи, се наведува во најновиот извештај на американската влада. Во извештајот кој е составен од истражувања на повеќе од 300 научници од 48 земји во светот, се изнесуваат десет индикатори кои јасно покажуваат дека глобалното затоплување е реалност. Станува збор, меѓу другото, за повиските температури на почвата и морињата и за намалување на глечерите. Исто така се наведува дека секоја од последните три децении била потопла од претходната и оти изминатата била најтопла откако човекот почнал да ја мери температурата. Сепак, во извештајот не се наведуваат причините за глобалното затоплување.
XS
SM
MD
LG