Достапни линкови

Шпанија нема да го признае Косово


Шпанија соопшти денеска дека нема да го признае Косово како независна држава и покрај мислењето на Меѓународниот суд на правдата. Вицепремиерот Марија Тереза Фернандез дела Вега изјави дека Мадрид ја задржува својата стара политика на непризнавање на Косово и на апелите за дијалог и за договор меѓу двете страни. Шпанија се соочува со домашни сепаратистички притисоци во Каталонија и во Баскискиот регион.
XS
SM
MD
LG