Достапни линкови

Притворен гувернерот на Централната банка на Косово


Портпаролот на косовската полиција Арбер Бека денеска изјави дека гувернерот на Централната банка на Косово Хашим Реџепи бил притворен во рамките на истрагата за финансиски малврезации и корупција. Претходно ЕУЛЕКС соопшти дека полицијата денеска извршила претрес во неколку локации, меѓу нив и станот на гувернерот. Во соопштението на ЕУЛЕКС се прецизира дека претресите биле со цел собирање докази за целиот случај.
XS
SM
MD
LG