Достапни линкови

Касати стигна до нови рекордни 203 метри во Врело


Италијанскиот спелеонуркач Луиџи Касати денеска стигна до нова рекордна длабочина од 203 метри во десниот крак на подводната пештера Врело. Но од Спелеонуркачки клуб „Врело“, велат дека тоа не е крајната длабочина на пештерата. Касати лани стигна на длабочина до 190 метри во десниот крак на „Врело“. Годинава тој го истражуваше и левиот крак на пештерата, спуштајќи се на длабочина до 165 метри.
XS
SM
MD
LG