Достапни линкови

НСДП:Анкетната комисија е само фарса


Лидерот на НСДП Тито Петковски смета дека е неопходно одржување на предвремени избори по Самитот на НАТО во Лисабон. Тој изјави дека е загрижен за отсуството на демократски капацитет кај Владата. За Петковски формирањето на анкетната комисија е само фарса за да се покријат лошите чекори кои ги презема Владата. Тој смета дека владеачката партија сака да ја подели одговорноста со опозицијата за недобивање на датум за почеток на преговори со ЕУ.
XS
SM
MD
LG