Достапни линкови

Кина ќе гради нова нуклеарна централа


Кина го одобри планот за изградба на нова нуклеарна централа во југозападниот регион Гуангкси, јавуваат кинеските медиуми. За првиот дел од проектот ќе бидат потрешени 3,5 милијарди долари за изградба на два реактори. Се очекува првиот реактор да функционира во 2015-та, а вториот една година подоцна . Централанта треба да има 6 реактори , а секој од нив да биде со капацитет со еден гигават. Кина досега има 11 нуклеарни централи .
XS
SM
MD
LG