Достапни линкови

logo-print

Полицајци на ОБСЕ во Киргистан?


Претседателот на Киргистан Роза Отунбаева денеска изјави дека владата очекува ОБСЕ да испрaти невооружени полицајци за да помогнат во одржувањето на редот во јужниот дел на земјата. Според неа, станува збор за четиримесечен мандат на 50 полицајци во градот Ош каде што во минатиот месец дојде до најголeмите судири меѓу киргизите и узбеците. Во меѓувреме, шефовите на дипломатиите на Германија и на Франција Вестервеле и Кушнер го посетија Ош при што ги повторија барањата за меѓународна истрага за настаните во тој град.
XS
SM
MD
LG