Достапни линкови

Русија и Бугарија потпишуваат договор за гасоводот Јужен поток


Во Москва официјални претставници на Русија и на Бугарија ќе потпишат документ за изградба на гасоводот Јужен поток кој ќе минува преку територијата на Бугарија. Рускиот министер за енергетика Сергеј Сматко ја предводи делегацијата која во Варна ќе го потпише прелиминарниот договор со кој Бугарија ќе учествува во рускиот гасоводен проект. Минатата недела руски официјални претставници беа во Бугарија, по што имаше индиции дека Бугарија ќе учествува во проектот кој треба да донесе околу 63 милијарди кубни метри од рускиот гас во Европа. Овој гасовод претставува конкуренција на гасоводот Набуко, со кој се планира испорака на 31 милијарда кубни метри гас за Средниот Исток и Европа.
XS
SM
MD
LG