Достапни линкови

logo-print

Буџетскиот дефицит на Грција намален за 46 проценти


Буџетскиот дефицит на Грција во првата половина на оваа година е намален за 46 проценти во споредба со истиот период минатата година, соопштуваат од министерството за финансии на Грција. Намалувањето се должи на мерките за намалување на трошоците и за зголемување на приходите. Владата имаше цел да го намали дефицитот за 39, 5 проценти, наведуваат од министрството. Намалени се и трошоците на Владата, но буџетските приходи малку заостануваат. Во рамките на условите од договорот со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд за заемот од 110 милијарди евра, Владата на Грција се обврза на намалување на владиниот буџетски дефицит за 40 отсто во оваа година.
XS
SM
MD
LG