Достапни линкови

ОН против новиот италијански закон за медиуми


Експертите за човекови права на ОН денеска соопштуваат дека италијанскиот предлог закон со кој се ограничува новинарското известување од матријали од полицијата ќе ја намали слободата на говорот и лошо ќе се одрази врз борбата со корупцијата. Специјаниот преставник на ОН задолжен за слобода на изразувањето, Франк Ла Ру повика денеска предлог законот да се укине или да се ревидира. Владата на премиерот Силвио Берлускони вели дека законот е неопходен за заштита на приватноста. Неколку италијански весници во петокот протестира против законот. Парламентот на 29 јули треба да гласа за спорниот закон.
XS
SM
MD
LG