Достапни линкови

Кастро говореше на телевизија


Поранешниот кубански лидер Фидел Кастро во своето вчерашно телевизиско обраќање прво по неколку години пауза, зборувал за меѓународните односи, посебен акцент ставил на иранската нуклеарна апрограма и за Северна Кореја. Водачот на кубанската револуција се повлече во 2006-та заради здраствени причини, и власта му ја предаде на брат му Раул. Вчерашната емисија траела саат и петнаесет минути. Кастро предупредил дека евентуален напад на Иран би бил катастрофален за САД и изјавил дека Соединетите држави таму ќе се соочат со отпор појак од оној со кој се соочија во Ирак.
XS
SM
MD
LG