Достапни линкови

logo-print

Украина и НАТО организаат воена вежба


Украинската војска и силите на НАТО започнаа заедничка двонеделна воена вежба на која учествуваат околу 3.000 војници од вкупно 12 држави. На вежбата учествуваат копнени, поморски и воздушни сили, а главната цел им е борбата против пирати. Украинските морнари во последната година често беа жртва на пирати. Претседателот на Украина Виктор Јанукович кој на власт дојде во февруари го запре процесот на приклучување на земјата во НАТО.


XS
SM
MD
LG