Достапни линкови

Авганистан со американска опрема ќе се справува со бомбите


Американски преставници за одбрана изјавиле дека Соединетите држави ќе му дадат на Авганистан опрема вредна 3 милијарди долари со која ќе можат да се справат со бомбите кои ги поставуваат Талибанците. Со опремата ќе се лоцираат бомби и други експлозивни направи кои Талибанците ги користат во борбата со авганистанските и со НАТО силите. Опремата во Авганистан треба да пристигне во следните неколку месеци. А во земјата ќе бидат испратени и околу 1.000 експерти за детонирање на експлозивни направи.
XS
SM
MD
LG