Достапни линкови

Клинтон и Алиев разговарале и за затворените блогери


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска во Азербејџан го прокренала прашањето за двајцата затворени блогери кои ги споредија властите со магаре. Клинтон денеска имаше средби со претседателот на Азербејџан Илхам Алиев. Клинтон изјавила дека и таа и Обама добиле многу писма од блогерите кои се во затвор, па затоа и денеска го отворила тоа прашање со азербејџанскиот претседател. Двајцата блогери беа уапсени и затоврени минатата година . Клинтон во рамки на нејзината турнеја денеска престојува во Азербејџан. Претседателот Алиев претходно побара САД да помогне за решавање на прашањето за спорната област Нагорно Карабах.
XS
SM
MD
LG