Достапни линкови

Виља стрелец на 5 од вкупно 6 гола на Шпанија


Шпанците го слават голот на Виља против Парагвај
Шпанците го слават голот на Виља против Парагвај

Шпанците не се задоволни од играта, но тоа сега за нив не е важно. Не се плашат од Германија, вели селекторот Дел Боске

„Натпреварот беше многу тежок, како и што предвидувавме. Меѓутоа, бевме трпеливи и тоа се покажа како клучно. Сега не очекува натпревар против Германија. Нема причина да се плашиме од германската екипа“ изјави селекторот на Шпанија Висенте дел Боске по победата над Парагвај од 1:0 во четвртфиналето на Светското првенство.
„Можеби можевме да играме подобро, но сега тоа е најмалку важно“ рече еден од јунаците на победата на Шпанија, голманот Икер Касиљас, кој му одбрани пенал на Парагваецот Кардозо.

„Имавме шанса но не ја искористивме. Клучот на натпреварот беше промашениот пенал. Тоа беше преголем шок за мојата екипа“ изјави парагвајскиот селектор Герардо Мартино.

Инаку, Шпанија го победи Парагвај со петтиот гол на Давид Виља на Мундијалот. Оваа репрезентација досега има постигнато 6 гола, а освен новото засилување на Барселона, гол постигна само уште Иниеста.
  • 16x9 Image

    Благоја Кузмановски

    Во новинарството е од 1993 година, кога почнува да работи во дневната редакција на Македонското радио. Бил уредник и водител на сите дневно – политички информативни емисии на програмите на радиото. Од 2002 година е шеф на дописништвото на Радио Слободна Европа во Скопје.

XS
SM
MD
LG