Достапни линкови

logo-print

„Грешните“ судии вратени дома


Судија доделува црвен картон на СП

Судија доделува црвен картон на СП

Судиите кои направија големи грешки во досегашниот тек, нема да судат до крајот на Светското првенство

Светската фудбалска федерација ФИФА донесе одлука да ги изостави од списокот на судии за преостанатите натпревари на Светското првенство Хорхе Ларионда од Уругвај и Роберто Росети од Италија, по грешките што ги направија на мечевите од осминафиналето. Ларионда не призна регуларен гол на англискиот репрезентативец Френк Лампард на натпреварот меѓу Англија и Германија при резултат 2:1, а Росети призна гол на Аргентина постигнат од офсајд на мечот со Мексико.

Тие две грешки, направени во ист ден, привлекоа огромно медиумско внимание и повторно ја покренаа дебатата за неопходноста од воведување на технологија која би им помогнала на судиите во решавање на спорни ситуации. ФИФА, меѓутоа, не ги наведе причините поради кои Ларионда и Росети веќе нема да судат во Јужна Африка.

Уште двајца судии се изоставени од тој список. Тоа се Коман Кулибали од Мали, кој не призна гол за САД на мечот со Словенија кој заврши 2:2, и Французинот Стефан Лануа, кој, според многумина, престрого го исклучи бразилскиот фудбалер Кака на натпреварот со Брегот на Слоновата Коска.
  • 16x9 Image

    Благоја Кузмановски

    Во новинарството е од 1993 година, кога почнува да работи во дневната редакција на Македонското радио. Бил уредник и водител на сите дневно – политички информативни емисии на програмите на радиото. Од 2002 година е шеф на дописништвото на Радио Слободна Европа во Скопје.

XS
SM
MD
LG