Достапни линкови

Г 20 - „пријателска“ политика за економски растеж


Лидерите на Групата 20 развиени и земји со растечки економии се договорија за редукција на дефицитите и за таканаречена „пријателска“ политика на економски растеж. Според соопштението по самитот во Торонто приоритет ќе им биде кратење на долгот и одржување на потрошувачката на краток рок за да се исполнат побарувањата. Целта е до 2013 за половина да се намалат дефицитите, а до 2016 да се стабилизират владините долгови. Г – 20 побараа од растечките економии да ги „ослободат“ своите валути на пазарот со цел глобалната трговија да биде на по фер основи и да се зголеми домашната побарувачка. Иако, со тоа посебно се мисли на Кина, сепак во коминикето од самитот во Торонто, таа не е специфично спомната.
XS
SM
MD
LG