Достапни линкови

Рикер:САД сакаат да ја видат Македонија во НАТО


Ние би сакале да ја видиме Македонија во НАТО, а решавањето на спорот за името меѓу Скопје и Атина ќе придонесе за можноста земјата да се приклучи кон НАТО , евентуално уште од самитот во ноември, изјави американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер. Рикер ги поздравил средбите меѓу премиерите не Македониј и на Грција и изразил надеж дека прашањето за името наскоро ќе се реши, што би било од голема корист не само за двете земји, туку и за целиот регион.

XS
SM
MD
LG