Достапни линкови

logo-print

Блерим Златку, директор на стопанската комора на Северозападна Македонија


Господине Златку, дали бизнис секторот во Република Македонија го почувствува потресот во евро зоната, посебно во соседна Грција?

Па, видете кризата во Грција, несомнено ќе влијае врз македонското стопанство, бидејќи Грција е еден од инвеститорите во Република Македонија, најголемите инвеститори. Со тоа што знаете претежно нивното вложување е во текстилниот сектор и токму тој има пробеми во цела Европа и во Македонија ќе се соочи со криза.

Со последниот ребаланс на буџетот на Република Македонија се скратија одредени капитални расходи, дали тоа може да ја поткопа активноста на приватниот сектор?

Ребалансот на буџетот немаше да се случи доколу Владата успееше да ја продаде евро обврзницата на светските финансиски институции. Но, поради фактот дека еврото доживеа девалвација, тоа не се случи и мораше да оди кон ребаланс на буџетот. Во овој ребаланс на буџетот јас мислам дека нас коморите требаше да не вклучат, за да го кажеме нашето мислење, а тоа е дека некои ставки во буџетот требаше да се пренасочат кон стопанството.

А, тоа не се случи?

Не, за жал не се случи. Се надевам дека можеби по моја претпоставка е дека некаде кон крајот на октомври или ноември ќе се соочиме со нов ребаланс на буџетот, но и тоа да не се случи во подготовката на буџетот за 2011 владата треба да не вклучи нас коморите во изготвувањето, во делот на економскиот дел на буџетот.

Дали владата остана доследна на ветувањето дека повеќе ќе се задолжува во странство отколку дома?

Ова задолжување што владата го прави кон нашите банки, прави банките да не бидат заинтересирани да пласираат свои средства во стопанството. Затоа што доколку владата се задолжува кон нив знаат дека имаат сигурен партнер кој ќе ги врати парите назад, а од стопанството имаат повеќе работа за да ги пласираат своите средства и не е сигурно дали ќе се вратат назад.

НБМ најави намалување на референтните стапки на благајничките записи. Во услови на криза во евро зоната и во соседството и во услови на анти кризни мерки од почетокот на годинава дали може да се очекува дека намалувањето на кредитите ќе ја поттикне стопанстката активност?

Сите мерки што ќе се преземат од финансиските институции во земјата одат во прилог на поттикнување на стопанството. Дури и ние како стопанска комора на средо западна Македонија во една од анкетите за анти кризните мерки предложивме македонската банка за поддршка на развојот да биде институцијата која директно ќе пласира средства кон стопанството со цел да се намалат каматните стапки. Тоа не беше случај во 2010 година. Владата ни го прифати предлогот и се овозможи од 1 јануари годинава оваа банка да ги пласира директно своите средства кон претпријатијата.

Како според вас меѓуетничките однсои се одразуваат на бизнис климата во Република Македонија?

Меѓуетничките односи никогаш не влијаеле негативно во развојот на стопанстводо од 1990 година, па наваму и албанските и македонските бизнисмени соработуваат без разлика на тоа што се случува во политиката. Бизнисот не прашува за тоа.
XS
SM
MD
LG