Достапни линкови

Протести во Ирак, еден мртов и двајца повредени


Еден демонстрант бил убиен и двајца повредени денеска, кога полицијата отворила оган за да го растури протестот во јужниот град Басра ,соопштуваат ирачките власти. Илјадници луѓе се собрале во Басра за да побараат разрешување на министерот за електрична енергија и неколку провинциски официјални лица кои вовеле рестрикции и ја ограничиле употребата на струја само на еден час во текот на 5 часовниот период и тоа во лето кога температурите достигаат и до 54 степени . Но протестите се претвориле во насилство кога демонстрантите почнале да фрлаат камења врз канцелариите на провинциските преставници.
XS
SM
MD
LG