Достапни линкови

Властите во Техеран забранија протести на опозицијата


Иранските власти се заканија дека ќе спречат какви било протести денеска, на првата годишнина од контроверзните претседателски избори на кои беше реизбран Махмуд Ахмадинеџат. Главните двајца опозициони лидери Мирхусеин Мусави и Мехди Каруби веќе ги откажаа за денеска најавените протести, поради загриженоста од можни насилства. На минатогодишните протести на опозицијата, властите во Техеран брутално реагираа.
XS
SM
MD
LG