Достапни линкови

Евреите од Европа ќе праќаат помош за Газа


Евреите во Германија се припремаат кон крајот на овој месец да испратат брод со хуманитарна помош за луѓето во појасот Газа, изјавил портпаролот на тој проект денеска во Берлин. Но претставничката на меѓународната мрежа „Евреите во Европа за праведен мир на Блискиот Исток“ изјавила дека меѓу заинтересираните кои сакаат да и помогнат на Газа се и многу Израелци, политичари, личности кои не се од еврејско потекло. Здружението сака со тој потег да го убеди Израел дека бродот е безопасен, но ако Изрелците ги попречат , тие ќе се вратат.
XS
SM
MD
LG