Достапни линкови

Ќе има ли датум за преговори со ЕУ - ќе се знае на 17 Јуни


За доделување датум за почеток на преговорите со Македонија ќе решат министрите на ЕУ на 17 јуни. Не знаеме точно отсега каква ќе биде позицијата, но се надеваме дека некаков напредок е можен, изјави амбасадорот на Шпанија во Македонија Хозе Мануел Паси Агерас на маргините од панел-дискусијата „Европските стандарди и нивното влијание во зајакнувањето на механизмите за заштита на човековите права - обуцман институциите“.
Тој потсети дека Шпанија го презеде претседателството од Шведска и оти Советот на министри во декември 2009 година му даде мандат на Мадрид да се справи со ова прашање.
Запрашан дали е можно во овој кус период до Самитот на ЕУ на 17 јуни да се дојде до некакво решение за името, амбасадорот Агерас рече дека тоа зависи од земјите инволвирани во спорот.
XS
SM
MD
LG