Достапни линкови

Претставена новата јапонска влада


Новиот јапонски премиер Наото Кан формира влада од 17 министри и државни секретари, од кои повеќето, односно 11, се од претходниот владин состав. Првите луѓе на главните ресори: за надворешни работи, одбрана и сообраќај ги задржаа своите позиции. Клучното министерство за финасии што претходно го водеше Кан му е доверено на неговиот заменик Јошихико Ноди кој се залага за буџетско штедење. Новата влада на левиот центар вечер треба да положи заклетва пред царот Акихито.
XS
SM
MD
LG