Достапни линкови

Израел исклучен од воена вежба во Турција


На меѓународната воена вежба што денеска започна во Турција, нема да присуствува Израел, соопштиле од Генералштабот на турската армија. На воената вежба наречена „Анадолски орел“ ќе учестуваат Турција, САД, Обединетите Арапски Емирати , Италија, Шпанија и НАТО. На Израел ниту лани не му беше дозволено да учестува на воената вежба во знак на протест за изрелската воена операција во Газа. Одлуката на Анкара, Израел да биде исклучен од воената вежба уследи по нападот врз хуманитарниот конвој во Средоземно Море, кој патуваше за Појасот Газа.
XS
SM
MD
LG