Достапни линкови

Хашим Тачи:повеќе од 111 официјални лица вмешани во корупција


Премиерот на Косово, Хашим Тачи изјавил денеска дека во моментот за повеќе од 111 официјални лица се води истрага за вмешаност во корупција. Станува збор за припадници и на сегашната и на претходната власт. Тачи изјавил дека е добро тоа што за време на неговата Влада е отворен ваков процес. Тој најавил дека ќе бидат бескомпромисни и дека нема да има случај за кој нема да има истрага Тачи најавил дека институциите ќе соработуваат со ЕУЛЕКС и ќе се обидат политиката да остане надвод од сите случаи.
XS
SM
MD
LG