Достапни линкови

Иванов - Пакс Еуропана е мојата визија за Македонија


Концептот на отворен простор, концептот на Пакс Еуропана е мојата визија за Република Македонија и за целиот регион, истакна претседателот Ѓорге Иванов на Доха форумот, кој од денеска до 2 јуни се оддржува во катарската престолнина Доха.
Според Иванов, потребна е брза интеграција на сите балкански држави во европските и евроатлантските структури.
Тој посочи дека Македонија посветено презема низа конкретни активности за унапредување на безбедноста и стабилноста во регионот и оти како мултиетничка, мултиконфесионална, мултијазична средина, создаде еден специфичен модел на соживот.
XS
SM
MD
LG