Достапни линкови

Резултатите од изборите во Косовска Митровица во сенка на судирите


Денеска ќе бидат соопштени првите прелиминарни резулатати од вонредните избори во Косовска Митровица и Ново Брдо, организирани од српските власти. Одделни изборни штабови синоќа ги соопштија своите први резултати. Според нив, најмногу гласови освоила листата на Демократската партија на Србија на Воислав Коштуница и тоа 17,95 насто, втора е српската напредна партија на Томислав Николиќ со 17,81 процент и трета е Демократската парија на Борис Тадиќ со 16,99 насто. Вонредните локални избори во Косовска Митровица вчера ги одбележаа судири меѓу Србите и Албанците кај мостот на Ибар кој ја дели Косовска Митровица.
XS
SM
MD
LG