Достапни линкови

Консензус и критики за британскиот план за штедење


Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека постигнат бил меѓународен консензус за потребата за кратење на расходите од британскиот буџет, но иницијативата за зголемување на дел од даноците била критикувана од членови на неговата партија. Премиерот дополнително побара продолжување на разговотите за трговијата во Светот со цел да се придвижи глобалната економија, јави новинската агенција „Ројтерс“. Владеачката коалиција во Британија неделава иницираше кратење на трошоците од британската народна каса во висина од 6,2 милијарди фунти, со цел намалување на буџетскиот дефицит кој се проценува на 11 проценти од бруто домашниот производ.
XS
SM
MD
LG