Достапни линкови

Во Пекинг почна состанокот САД, Кина


Во Пекинг почна дводневниот годишен американско кинески состанок посветен на билатерланите политички и економски теми. Во американската делегација, предводена од државниот секретар Хилари Клинтон, има околу 200 членови што е најголем број американски државни претставници кои учествуваат на еден состанок во странство. Состанокот е во знакот на кризата на корејскиот полустров откако Северна Кореа потопи еден јужнокорејски воен брод при што загинаа 46 морнари. Сепак, како главна тема се посочува ригидниот курс на кинескиот јуан спрема доларот што, според Вашингтон, ја намалува конкурентноста на американските производи на светските пазари.
XS
SM
MD
LG