Достапни линкови

Иран се закани дека ќе го раскине договорот со Турција


Иран ќе го раскине договорот за размена на збогатен ураниум со Турција доколку САД и понатаму инсистира на нови санкции против исламската република, рече денеска претседателот на иранскиот парламент. Али Ларијани додаде дека официјален Техеран дополнително ќе ја разгледува соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија доколку се подржи американската иницијатива за нови санкции од Обединетите нации. „Ако американците сакаат да се впуштат во авантура преку Обединетите нации или преку Американскиот сенат, сите напори на Турција и Бразил ќе бидат залудни и избраниот пат ќе биде напуштен“ рече Ларијани во изјава за државната телевизија.
XS
SM
MD
LG