Достапни линкови

Иран ќе испраќа урануим во Турција


Иран се согласил да испрати околу 1200 килограми ураниум во Турција во замена за нуклеарно гориво. Овој договор бил постигнат на средбата на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и со бразилскиот претседател Луиз Игнасио Лула Да Силва во Техеран. По потпишувањето на договорот, турскиот министер за надворешни работи Ахмед Давутоглу изјави дека Турција веќе не гледа причина за натамошни санкции против Иран.
XS
SM
MD
LG