Достапни линкови

Центарот на Банкок прогласен за зона на пукање


Армијата на Тајланд го прогласи центарот на Банкок за зона на пукање. Новинските агенции јавуваат дека ова е предупредување за демонстрантите дека вооружените лица ќе пукаат во нив. Од четвртокот до денеска во немирите загинале шеснаесетмина. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун апелираше да престане насилството. Приврзаниците на тајландската опозиција веќе подолго време протестираат во главниот град. Облечени во црвени маици, тие го изразуваат незадоволството од лошите социо-економски услови во земјата.
XS
SM
MD
LG