Достапни линкови

Застрелан подржувач на демонстрантите во Тајланд


Тајландски генерал бил застрелан денеска во Банкок по истекувањето на рокот за растурање на кампот на демонстрантите. Катија Звазадипол моментално се наоѓа во болница и е во тешка здравствена состојба. Повредениот, познат во јавноста како црвениот командант, е подржувач на приврзаниците на опозицијата кои веќе подолго време со мирни протести го изразуваат незадоволството од тешката социо – економска состојба во земјата. Властите во Банкок им дадоа краен рок на демонстрантите облечени во црвени маици да го растурат кампот кој го поставија во центарот на главниот град, предупредувајки дека ќе отворат оган по истекувањето на рокот. Во протестите, кои на моменти се претвораа во насилни бунтови, загинаа 19 цивили, петмина војници и странски новинар.
XS
SM
MD
LG