Достапни линкови

Облак вулканска прав утре над Франција


Новиот облак вулканска прав од Исланд може да го покрие јужниот дел на Франција утревечер, јавија од француската метеролошка служба. Во меѓувреме, новиот облак повторно предизвикува проблеми во Шпанија и Португалија. Стотина летови се откажани во Португалија а 19 аеродроми се затворени во Шпанија. Авиокомпаниите кои имаат трансатлански летови се обидуваат да го заобиколат облакот, поради што летовите каснат и по два часа, што воедно ги зголемува и трошоците за гориво. Исландските власти соопштија дека глејчерскиот вулкан повторно исфрла прашина.
XS
SM
MD
LG