Достапни линкови

Екс претседателот на Чешка ќе режира филм


Поранешниот претседател на Чешка Вацлав Хавел ќе режира филм на 73 годишна возраст. Неговиот проект би требало да се прикаже на големото платно идната година. Филмот е базиран на театарска претстава чија премиера се случи во 2008 година. Филмскиот проект „Заминување“ се цели да ги презентира тешкотиите со кои се соочуваат лидерите кога заминуваат од фукнција. Хавел, кој изјави дека уште од дете сакал да биде режисер, рече дека филмот не е автобиографски.
XS
SM
MD
LG