Достапни линкови

Фуере: Соопштението од ОНА е неприфатливо за ЕУ


Соопштението испратено од ОНА и настанот на Блаце е сосема неприфатливо за Европската унија, изјави денеска во Куманово евроамбасадорот Ерван Фуере. Знаете дека минатата недела заедно со САД и ОБСЕ издадовме заедничко соопштение во кое го осудуваме секое насилство и секој обид за насилство и ќе повторам уште еднаш дека ваквите изјави се целосно неприфатливи, изјави Фуере. Евроамбасадорот ги охрабрува властите и нивната брза реакција во врска со настаните на Блаце.
XS
SM
MD
LG