Достапни линкови

logo-print

Русија предлага нуклеарен конгломерат со Украина


Русија е за воспоставување нуклеарен конгломерат со Украина, изјави рускиот премиер Владимир Путин, по средбата во Киев со украинскиот премиер Виктор Јанукович. Според Путин, тоа би значело заедничко производство на нуклеарна енергија, како и изградба на нуклеарни централи и постројки. Тој додаде дека Русија е подготвена да им овозможи на своите украински партнери да работат на рускиот пазар и оти двете земји, исто така, би можеле да работат заедно на пазарите во трети земји.
XS
SM
MD
LG