Достапни линкови

logo-print

Советот на Европа загрижен поради политичката криза во Албанија


Советот на Европа изрази загриженост во врска со политичката криза во Албанија и повика на итно обновување на државните институции. Сите политички лидери треба да вложат напор за обнова на политичкиот дијалог во парламентот, се вели во соопштението. Опозицијата 8 месеци ја бојкотира работата на парламентот и тврди дека владејачката партија на премиерот Сали Бериша манипулирала со резултатите од парламентарните избори што се одржаа минатата година.
XS
SM
MD
LG