Достапни линкови

Тројца загинати во Авганистан


Тројца загинаа во напад на бомбаш самоубиец во провинцијата Забул во јужниот дел на Авганистан денеска. Експлозијата се случила во близина на пазар а во нападот загинале еден стражар вработен во приватна агенција за осигурување и двајца цивили, соопштија локалните власти. Седуммина се повредени во инцидентот. Во меѓувреме, во провинцијата Кундуз во северниот дел на земјата се регистрирани повеќе вооружени судири меѓу безбедносните сили и талибанските милитанти. Четириесетмина милитанти загинаа во овој регион од петокот до денеска.
XS
SM
MD
LG