Достапни линкови

Осумдесет отсто од Македонците сакаат влез во НАТО


Шеесет и пет отсто од македонските граѓани сметаат дека Македонија не треба да го промени името за да влезе во НАТО, покажува анкетата на Институтот за демократија „Социетас Цивилис” спроведена на барање на Министерството за одбрана. Од испитаниците кои негативно се изјасниле за промена на името за сметка на влез во НАТО, 84 отсто се Македонци, 7,1 отсто Албанци и 8,9 отсто се припадници на другите заедници. На прашањето како би гласале доколку следната недела се одржи референдум за влез на Македонија во НАТО, позитивно одговориле 80,2 отсто од испитаниците, а 10,8 отсто одговориле негативно. Анкетата е спроведена во периодот од 2 до 10 април.
XS
SM
MD
LG