Достапни линкови

Протести во Украина


Илјадници украинци денеска протестираат пред зградата на парламентот во знак на незадоволство од одлуката за продолжување на престојот на руската флота во Црното море во замена за поефтин руски гас. Поранешниот премиер Јулија Тимошенко, во обраќање пред насобраните, рече дека мора да се пружи отпор на договорот, согласно кој на руските воени сили им е продолжен престојот на украинска територија за уште 25 години. Претходно, член на украинската владеачка коалиција го критикуваше претседателот Виктор Јанукович за тоа што го склучил договорот „зад затворени врати“. Премиерот за економски прашања Сергеи Тигипко, во изјава за „Асошиејтед Прес“ рече дека тајни преговори „не им се потребни на жителите на Украина“.
XS
SM
MD
LG