Достапни линкови

Уништен дел од ирачкиот нафтовод кон Турција


Напад на клучен дел од ирачкиот нафтовод го прекина дотокот на суровината кон Турција, соопштија ирачките власти. Експлозија на бомба уништила дел од нафтоводот кој го поврзува северниот дел на Ирак со Турција. Експлозивната направа детонирала на 250 километри северно од Багдад. Се предвидува дека поправките на системот ќе траат од два до три дена. Една четвртина од ирачкиот извоз на нафта е кон турција, токму преку овој нафтовод. Само во март од извозот на суровината Ирак имаше прилив во државната каса во висина од 4,35 милијарди американски долари.
XS
SM
MD
LG