Достапни линкови

logo-print

Во Сараево увид на штетите по вчерашните нереди


Полицијата во Сарево врши увид во и пред зградата на Владата на федерацијата на БиХ која за време на вчерашните протести на ветераните од војната беше оштетена.
Најмалку 55 лица беа повредени вчера во судирите меѓу воените ветерани и полицијата во Сараево, а демонстрантите запалија полициска куќичка пред зградата на Владата на Федерација на Босна и Херцеговина.
Од повредените, едно лице е во тешка здравствена состојба. Меѓу повредените има и полицајци.
Неколку илјади ветерани од војната се собраа на протест пред зградата на Владата со барање за подобрување на нивниот материјален статус. Нередите избија откако премиерот Мустафа Мујезиновиќ не го исполнил барањето на демонстрантите да им се обрати.
XS
SM
MD
LG