Достапни линкови

Ратификацијата на СТАРТ најверојатно во мај


Претставници на САД и на Русија велат дека процесот на ратификација на новиот СТАРТ договор ќе започне во почетокот на мај. Претставниците на двете земји зборувале и за можноста да има синхронизирано потпишување на договорот и во Москава и во Вашингтон. Михаил Маргелов, претседател на Комитетот за надворешни работи на Русија изјавил дека истовременото потпишување на договорот ќе испрати важен сигнал до другите земји, дека новиот СТАРТ договор не е само договор меѓу двете земји, туку е подржан и од јавноста.
XS
SM
MD
LG