Достапни линкови

Светски ден на планетата Земја


Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на планетата Земја, кој Обединетите нации го прогласија за ден посветен на борбата против загадувањето на животната средина. На денешен датум во 1970 година, околу 200.000 луѓе протестирале против загадувањето на животната средина. Протестите биле организирани во САД, откако околу 30.000 тони сирова нафта истеклеа во Пацификот и ја загадиле плажата во заливот Санта Барбара. На овој ден секаде во светот се организираат акции за креативна промена на еколошката свест на локално, национално и глобално ниво, во кои просечно секоја година учествуваат најмалку околу половина милијарда луѓе.
XS
SM
MD
LG